Фудбалерите на Вардар пристигнаа во Анталија, Турција каде ќе ја одработат втората фаза од подготовките. На официјалната страница на клубот тие објавија:
Фудбалерите на нашиот тим пристигнаа во Анталија, со закаснување поради временски неприлики во Турција и проблем со авионските линии.
Контролниот натпревар против екипата на ФК Полісся / Житомир што требаше да се одигра денес е откажан и дополнително ќе биде одлучено дали ќе се одигра уште еден натпревар.