Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го “доби“ назад Таневски по 9 месеци пауза поради повредата
Вардар го “доби“ назад Таневски по 9 месеци пауза поради повредата

Вардар го “доби“ назад Таневски по 9 месеци пауза поради повредата

Почнаа црвено-црните со подготовките за новата полусезона во македонското првенство. Тие првите кондициони тренинзи ги одржуваат во новиот тренинг камп на ФК Вардар во скопската населба Хиподром. Одтаму подоцна како што е предвидено ќе заминат за турскиот спортски центар познат по одличните можности за зимски подготовки во Анталија. За истите покрај сите играчи на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски на располагање му се стави дефанзивецот и капитенот на нашиот шампион Златко Таневски.

Нашиот Златко конечно по еден долг период од речеси 9 месеца е дел од екипата. Таневски поради повреда која за жал мораше да ја санира со хирушки зафат беше долго надвор од стројот. Тој последниот меч за црвено-црните го одигра минатата година во  април   против екипата на тетовска Ренова, дуелот го игравме на домашен терен и истиот го добивме со минимални 1-0. Радоста кај нашиот играч е голема тој како што изјави за вардаровиот официјален сајт е посебно радосен што можел првите тренинзи да ги одработи во целост со остатокот од екипата, со што очекува дека ќе се подигне на уште повисоко ниво со формата. Таневски очекува да одигра неколку натпревари во Анталија како би можела формата да си ја крене на она  ниво на кое е потребно. Тој потенцира дека е голема желбата да биде повторно во комбинација за светиот црвено-црн дрес и дека ќе се потруди да помогне на својте колеги за пролетните предизвици кои го чекат нашиот шампион.