Столбот на одбраната на црвено-црниот женски ракометен колектив Андреа Кликовац на дуелот со романски Букурешт успеа да погоди двапати во противничката мрежа. Еден од двата погодока беше посебно интересен кога нашата русокоса убавица ја “изгуби“ левата патика, но реши да продолжи да игра и по асистенцијата од Лекиќ со само една патика тргна кон голот на Грубишиќ и успешно поентираше. Кликовац зголеми на 16-15 во мометите кога мечот беше со резултатска симетрија на семафорот 15-15.
Видето од овој занимлив гол на црнагорката во нашиот тим Андра Кликовац, постигнат во вториот период од мечот ЖРК Вардар – ЦСМ Букурешт ќе може да го погледнете – ТУКА