Вардар го претрпе првиот пораз на подготвителните натпревари во Анталија. После победата против СКА Ростов, денес црвено-црните доживеаа минимален пораз од екипата на Томск (1:0).
Одлучувачкиот момент за конечниот победник се случи во 8.минута кога противникот ја затресе мрежата на Гачевски за водство од 1:0, резултат кој до крајот се покажа и како конечен на овој контролен натпревар.
До крајот на подготовките, Вардар ќе одигра уште два натпревари. На 6.февруари противник ќе ни биде Динамо Москва 2, додека на 7.февруари не очекува дуел со Херманштат од Романија.