18-годишниот ракометар Стефан Додиќ во следните шест месеци ќе го носи дресот на шампионот на Македонија, РК Вардар 1961.
Додиќ доаѓа во Вардар да игра на позицијата среден бек и да му биде од поддршка на Анте Гаџа, единствениот вистински среден бек во Вардар оваа сезона. Додиќ е добро познато ракометно име. Го носеше дресот на Металург, а во овој момент е играч на Охрид.
Се очекуваат наскоро повеќе информации на оваа тема, односно потврда од Вардар за ова засилување на централната бековска позиција во тимот.