Вардарци ја забележаа втората победа на третиот натпревар во Анталија, откако пред малку го совладаа тимот на Динамо Москва 2 со резултат 1:0 со голот на младиот Иван Николов во 82.минута од натпреварот.
Вардар во првиот дел настапи во состав: Илиќ, Ричков А. Ричков М, Стојанов, Стојковски, Нијаз, Велковски, Керим, Парталко, Костовски и Ѓорѓиевски. Пофалби за овој тим кој во првиот дел не прими погодок, а одиграл и добар натпревар.
Вардарци утре играат нов дуел во Анталија и тоа последен против тимот на Херманштад, од Романија.