Екипата на РК Вардар 1961 утре ќе го одигра својот втор натпревар сезонава во СЕХА-лигата. Денес, црвено-црните ќе отпатуваат за Нови Сад, каде утре ќе гостуваат на екипата на Војводина.
Вардар загуби во првото коло на домашен терен од екипата на Нексе, додека за Војводина ова е прв натпревар сезонава во ова натпреварување.
Црвено-црните со триумфот против Пролет, ги „залечија“ раните од поразот со Нексе, па очекуваме и прва победа во рамките на СЕХА. Натпреварите со Војводина посебно на гостински терен секогаш биле неизвесни, па останува да видиме што ќе се случи на утрешниот меч. Стартот е закажан од 17:30 часот.