Во пресрет на стартот на пролетниот дел во младинските лиги, фудбалските екипи на Вардар и претстојниов викенд ќе имаат контролни натпревари.
Пионерските екипи утре гостуваат кај екипата на Македонија Ѓ.П. Со почеток од 09:00 часот ќе играат пионерските екипи на Македонија Ѓ.П и Вардар, додека од 11:00 часот пријателски натпревар ќе одиграат и помладите пионери на овие два клуба.
Активни требаше да бидат и кадетите и младинците, но сепак нивните натпревари против екипата на Шкупи се одложени.