Како што објавивме три генерации на фудбалскиот клуб Вардар во периодот од 12-16.февруари ќе се натпреваруваат на меѓународниот турнир „Пирин Куп“ во Сандански (Бугарија). Познат е распоредот и термините за натпреварите на генерациите 2007, 2008 и 2009.
Генерација 2007
13.02
Вардар – Хебар Пазарџик (08:00)
Вардар – Спорт Вилаж (14:00)
Генерација 2008
13.02
Вардар – Витоша 13 (09:30)
Вардар – Прециз Монтана (17:00)
Генерација 2009
12.02
Спартак Плодив – Вардар (14:00)
13.02
Вардар – УФЦ Софија (15:30)
14.02
Вардар – Витоша Софија (15:30)
Вардар на овој турнир учествуваше и во 2020 година. Тогаш, генерацијата 2004 се закити со сребрен медал, додека генерацијата 2009 освои бронза.