Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Започнува лигата, кадетите на Вардар во недела домаќини на Пролет
Започнува лигата, кадетите на Вардар во недела домаќини на Пролет

Започнува лигата, кадетите на Вардар во недела домаќини на Пролет

Први со натпревари во 2022 година од младите ракометни екипи ќе започнат кадетите на РК Вардар 1961. Момците на Пепи Манасков во 5.коло од Групата-В ќе бидат домаќини.

Тимот  на црвено-црните во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека скопскиот ривал, тимот на РК Пролет. Дуелот е закажан за задутре, недела (13/02/2022) со почеток во 12-00 часот.

Ова е последен дуел од првиот круг, во групата-В има шест тима, по пет кола сме второпласирани со 9.бода зад лидерот РК Алкалоид. Веднаш по оваа средба започнува вториот круг на натпревари, само лидерот на групата по 10.кола обезбедува место на завршниот Ф-4 турнир во кадетска машка конкуренција.