Екипата на РК Вардар 1961 утре ги продолжува натпреварите во домашното првенство. Во рамките на 20.коло во С.Ц. Јане Сандански ни гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Ова е екипата која ни го нанесе досега единствениот пораз во Супер Лига. Во Битола, славеше вториот тим на Е.Пелистер, па сигурно дека ни се големи „должници“
Натпреварот кој ќе стартува од 17:00 часот ќе го судат најдобрите. Се работи за Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегат ќе биде Ацо Николовски.
Вардар на 18 одиграни натпревари има скор од 16 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз, додека Еурофарм Пелистер е трет на табелата со учинок од 12 победи, 2 нерешени резултати и 5 порази.