Агенцијата за млади и спорт ги додели ваучерите за спортските екипи. Ваучери добија и фудбалскиот тим на Вардар, како и машкиот и женскиот ракометен клуб.
Фудбалскиот клуб Вардар доби ваучер во висина од 7.400.000 денари.
Машкиот ракометен клуб на Вардар имаше најголем ваучер од сите спортски клубови во земјава, вкупно 17.500.000 за двократниот Европски Шампион. Ваучер има и за женската екипа на Вардар, во износ од 2.300.000 денари.