Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Монпелје најголем фаворит за освојување на ЛШ, Вардар не е во ТОП-10, ЕХФ направи нов ранкинг
Монпелје најголем фаворит за освојување на ЛШ, Вардар не е во ТОП-10, ЕХФ направи нов ранкинг

Монпелје најголем фаворит за освојување на ЛШ, Вардар не е во ТОП-10, ЕХФ направи нов ранкинг

Во пресрет на продолжување на сезоната во Лигата на Шампионите, експертите во ЕХФ направија нова листа на екипи кои имаат шанси да ја освојат ЛШ.

Вардар повторно не е во ТОП-10 екипите, а причина за тоа е сигурно лошиот моментален пласман во групата, каде Вардар се наоѓа на седмото место и до крајот „грчевито“ ќе се бори за шесттата позиција која носи пласман во 1/8 финалето.

Интересно на Монпелје и се даваат најголеми шанси за трофејот во ЛШ, тоа е токму нашиот следен противник во групната фаза, натпревар кој ќе се одигра утре во Франција. На второто место се наоѓа Флензбург, трет е Алборг, додека Веспрем е на четвртата позиција, па според моменталната листа овие екипи би требало да играат на завршниот турнир во Келн.