Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Величковски ја „стресе“ Малта, победа за Македонија У17
Величковски ја „стресе“ Малта, победа за Македонија У17

Величковски ја „стресе“ Малта, победа за Македонија У17

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го доби вториот контролен натпревар против врсниците од Малта. Денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ избраниците на Тони Јакимовски стигнаа до убедлив триумф со резултат 3:0.

1

Доминација на нашите репрезентативци во текот на целиот натпревар кои имаа поголем посед на топка, беа поконректни од противникот со поголема желба за надигрување. Малта одолеваше цели 45 минути, кога успешно се бранеше и ја зачува својата мрежа незатресена.

2

Сепак во вториот дел попушти одбранбениот бедем на гостите, кои примија три гола. Вардаровиот голгетер, Никола Величковски, ја најави победата кога погоди во 53 минута за предност од 1:0. Ова е всушност и деби гол за него во националниот дрес. До крајот на мечот постигнавме уште два гола, дело на Стојанов и Сулејман.

Величковски и Стојилевски беа стартери на натпреварот, додека во игра после принудна измена во првиот дел влезе и Симеон Здравковски.