Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бајевски: Ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата и да се вратиме онаму каде што припаѓаме, а тоа е на врвот на македонскиот фудбал
Бајевски: Ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата и да се вратиме онаму каде што припаѓаме, а тоа е на врвот на македонскиот фудбал

Бајевски: Ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата и да се вратиме онаму каде што припаѓаме, а тоа е на врвот на македонскиот фудбал

За претстојниов викенд е закажан стартот на пролетниот дел во Втората Лига-Запад. Во сабота Вардар гостува кај екипата на Охрид Лихнидос каде ќе се обиде да ги освои трите бодови. Во зимскиот период беа доведени неколку засилувања, најзвучни секако беа Филип Гачевски и Дарко Мицевски кои треба да го подигнат нивото на игра и да му помогнат на Вардар да ги оствари зацртаните цели, а тоа се експресно враќање во Првата Лига. За официјалната страна на клубот, говореше спортскиот директор Александар Бајевски кој изрази задоволство од играчите кои беа доведени во преодниот рок.

Со вчерашниот потпис на Бенјамин Демир го заокруживме овој зимски преоден рок во Вардар во кој покрај него ангажиравме уште четири нови играчи Филип Гачевски, Дарко Мицевски, Ване Јованов и повратникот од позајмицата во Осогово, талентираниот Иван Мицевски. Апсолутно сме задоволни од тоа како се одвиваше преодниот рок и драго ми е што доведовме се она што посакувавме, бидејќи засилувањата претставуваат огромен квалитет, репрезентативен калибар, потенцијал и влог во иднината. Играчките и човечките квалитети кои ги поседуваат им овозможија на сите новајлии брзо и лесно да се вклопат во системот и со својот професионален однос кон обврските да се прилагодат на нашите барања, свесни за тоа каква тежина носи вардаровиот дрес, сконцентрирани на основната цел зацртана од клубот која што е враќање во првата лига. Доведовме играчи кои пред се знаат како се освојуваат титули со Вардар и кои се со целото срце во клубот. Целосно верувам во тимот кој го имаме во моментов, убеден сум дека имаме најдобар тим во лигата и доволно квалитет да ги исполниме сите наши цели, не само во моментов туку и во иднина.

Популарниот Бајо смета дека тимот е посилен од есенскиот дел и ги повика навивачите да продолжуват да му даваат поддршка на Вардар, само така може да се врати најтрофејниот клуб на врвот во македонскиот фудбал.

Лично сметам дека тимот е 70% посилен од првиот дел на сезоната и не се сомневам дека истиот понатака се повеќе ќе напредува во сите сегменти. Помеѓу имињата кои го засилија тимот би го вклучил и Никола Ристески од кого очекуваме во потполност да го покаже својот полн потенцијал откако по доаѓањето подоцна се вклучи во натпреварувачкиот ритам. Посебно сме горди во клубот што на подготовките промовиравме и неколку млади играчи кои со својот однос и квалитет потполно ја оправдаа нашата доверба. Вардар мора да се потпира на своите деца и определба на клубот е токму тие да го сочинуваат костурот на тимот во иднина. Во името на клубот сакам да им се заблагодарам и на играчите кои во меѓувреме го напуштија клубот, за нивната професионалност и посветеност кон клубот и да им посакам успех во понатамопшниот дел од нивните кариери во и вон фудбалот. Им порачувам на сите навивачи и симпатизери на Вардар да продолжат да не поддржуваат на сите натпревари, да веруваат во овој тим, а сите ние во клубот ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата и да се вратиме онаму каде што припаѓаме, а тоа е на врвот на македонскиот фудбал”.