.
Cалата „Кале“ од денес до недела ќе биде домаќин на завршницата од Купот на Република Македонија кај момците и девојките. Утре, сабота од 12. часот, на теренот во салата СРЦ „Кале“ ќе истрчаат екипите на Бадел 1862 и Струга 2009, потоа од 14.30 часот, ќе се игра натпреварот помеѓу бранителот на трофејот, екипата на Баскет Кам 2011 и нашиот црвено-црн тим, екипата на ЖКК Вардар.
.
За овој предизвик зборуваме со девојката која е задолжена за прием на пехарите, нашиот капитен, девојка која е еден од најлојалните играчи од првите денови до денес на Вардар, единствената Деловска Симона:
За овој предизвик зборуваме со девојката која е задолжена за прием на пехарите, нашиот капитен, девојка која е еден од најлојалните играчи од првите денови до денес на Вардар, единствената Деловска Симона:
На Купот во „Кале“ очекувам да го дадеме максимумот, да се бориме на теренот, а со тоа се надевам на позитивен резултат во наша полза. Моментално сме фокусирани максимално на полуфиналето, ќе дадеме се од себе да го надиграме противникот и со тоа да пробаме да влеземе во големото финале. Возбудени сме и максимално мотивирани пред престојниот предизвик. Веќе два пати оваа сезона се сретнавме со екипата на Баскет Кам и иако не успеавме да ги победиме, очигледна беше подобрата игра на нашиот тимот во последната средба.
Капитенот зборува за подготвенсоста на тимот за настапот во Купот, ростерот за време на овој зимски преоден рок се засили за неколку имиња што дава прилика да бидеме далеку поконкурентни од есенскиот дел во натпреварите.
.
Во овој период од сезоната мислам дека добро тренираме и се надевам ќе го подигнеме нивото уште, а со тоа да дојдеме и до победа пред се на првиот меч кој ни е во фокусот. Овој пат за дуелот со тимот од Македонска Каменица располагаме и со повеќе играчи во ротација, со прилклучувањето на неколку нови лица во екипата – што значи дека ќе имаме поголема свежина и повеќе сила да се бориме и да прикажеме добра игра на теренот. Истото ќе ни даде „широчина“ на играта како на овој Куп така и на понатамошниот дел од сезоната. Без разлика на се, целта е секогаш „ срце на терен“ и се разбира, победа – завршува Деловска во изјавата за Вардарфанс.мк