Никола Глигоров ги прави последните подготовки пред утрешниот прв натпревар од пролетанта полуетапа во ВМФЛ-Запад. Пред утрешниот дуел во Охрид, тренерот на ,,црвено – црните” се соочува со неколку проблеми поради неиграње на играчи. Прв од листата кој отпадна за утрешниот дуел е Дарко Глишиќ поради ситна повреда на ложата. Во тимот ќе го нема ниту новајлијата Демир, а исто така и младиот Мицевски.
По пауза, утре во вардаровиот дрес се враќаат повратниците Мицевски Дарко и Филип Гачевски, а сигурно дека место во почетниот тим ќе има и за Ване Јованов. Се очекува исто така деби во вардаровиот сениорски тим да има и младиот бек Ричков. Вардар треба да има и одлична клупа. Тука пред се мислиме на Керим, Костовски, Пеев, Наумоски..
Веројатни 11-мина за утрешниот дуел кај Вардар: Гачевски, Стојанов, Мишковски, Ристески, Николов, Мицевски, М.Блажевски, Јованов, Ричков, Д.Блажевски и Петковски.