Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Голем број на технички грешки го чинеа Вардар нов пораз во СЕХА-лига
Голем број на технички грешки го чинеа Вардар нов пораз во СЕХА-лига

Голем број на технички грешки го чинеа Вардар нов пораз во СЕХА-лига

По вторпат во само седум дена е поразен Вардар од Нексе (28-25) во меч од СЕХА-лига. Вардарци на вечерашниот натпревар имаа еден ,,тон” технички грешки кои ги чинеа пораз.

Првиот дел мина во знакот на домаќинот кој по петтата минута имаше целосна контрола на текот на дуелот. Вардарци водство имаа само до петтата минута со 1-2, а потоа следеше добра игра и убедливо водство на Нексе. Во 10.минута од дуелот Нексе дојде до 6-3. Потоа предноста се зголеми, па така во 15.минута имаше домаќинот и предност од 9-4. Вардар изгледаше лошо и понатаму, па така во некој моменти од дуелот имаше и минус од шест гола. Добрата игра на Вардар дојде пред крајот на првиот дел, кога преку Моралес и Гогов, Вардар успеа да намали од негативата, па така на пауза да замине си пристојни минус три, 15-12. Во првиот дел Вардар имаше дури 12 технички грешки, што за една екипата е премногу. Да додадеме дека во тимот ги немаше Дибиров, Гаџа..

Во вториот дел Вардар одигра подобро, но грешките останаа, па така не може да се надеваа на некој позитивен резултат. Во 36.минута резултатот беше 19-15. Потоа во 45.минута одново домаќинот имаше плус три, 19-16. Во 48.минута Вардар дојде на само еден негатива, но грешките во нападот останаа па така домаќинот дојде повторно на плус три во 53.минута. На крајот, Вардар загуби со 28-25 за нов пораз над Нексе.

Јагањац блесна со седум гола кај домашната екипа, а шест постигна Вејин, додека кај Вардар најефикасен беше Моралес со седум реализации.