Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ”раскина” со уште тројца играчи
Вардар ”раскина” со уште тројца играчи

Вардар ”раскина” со уште тројца играчи

Откако од ФК Вардар си заминаа Петковски, Најдоски и Темелков, ФК Вардар реши да ја прекине соработката уште со тројца млади играчи. Раскин на договорот со ФК Вардар добија тројца играчи, а  тоа се:
Стојан Стојчевски - дефанзивецот на ФК Вардар кој доби мала минутажа во ФК Вардар го напушти клубот. Стојчевски оваа полусезона мина на позајмица во Љубанци. Му посакуваме на Стојчевски се најдобро во понатамошната кариера.

Димитар Иванов – Младиот напаѓач на ФК Вардар исто така не се снајде во црвено – црните редови. Иванов одигра само 11 средби за нашиот првак. Оваа полусезона Иванов ја помина исто така во Љубанци. Му посакуваме на Иванов се најдобро понатаму во кариерата.

Виктор Серафимовски – Младиот играч на Вардар исто така повеќе не е дел од црвено – црните бои. Серафимовски одигра многу малку натпревари додека ги бранеше боите на ФК Вардар. Му посакуваме се најдобро понатаму во кариерата на Серафимовски.