РК Вардар 1961 во текот на овој зимски преоден рок се засили со уште еден играч, од денес официјално нов член на црвено-црните е пикерот, Костадин Петров.
Според информацијата на официјалната страница на клубот, новиот пивотмен има договор со тимот до јуни 2022 година. Вардарци го пополнија местото на Стефан Атанасовски, кој црвено-црните го позајмија во Катар до крајот на оваа сезона.