Нашиот Вардар заедно со тимовите од Битола, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје се носители и дел од првиот шешир пред утрешната ждрепка на четвртфиналните групи на Купот на Македонија. Ждрепката ќе се одржи напладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и ќе го одреди патот до завршниот турнир во мај.
Куп на Македонија
четвртфинални групи:
Шешир 1: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје, Вардар 1961
Шешир 2: Тиквеш, Охрид, Пролет, Струга
Шешир 3: Прилеп, Металург, Скопје, Алкалоид
Шешир 4: Голден Арт, Јуниор КВ, Драчево, Аеродром
Четврфиналните групи ќе се играат на 12 и 13 март, а завршниот турнир е закажан за 14 и 15 мај. Титулата од минатата година ја брани Вардар 1961.