Monday ,16 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар реди победи во 2022, гостински успех кај Универзитет Тетово за 2.место на табелата
ОК Вардар реди победи во 2022,  гостински успех кај Универзитет Тетово за 2.место на табелата

ОК Вардар реди победи во 2022, гостински успех кај Универзитет Тетово за 2.место на табелата

Oстварена е и  втора победа во вториот настап на ОК Вардар во вториот дел од сезоната 2021/22 во одбојкарскиот шампионат на Македонија. 

ОК Вардар славеше нова победа веќе осма по ред, а втора во плејофот за шампионската титула во вториот дел од сезоната откако со убедливи 3-0 го победи нагости тимот на .

Црвено-црните одбојкари го добија првиот сет со 25-19, додека во вториот сет кој беше доста неизвесен ОК Вардар го доби со 25-22 откако бркаше негатива скоро во целиот сет.

И во третиот сет ОК Вардар ги реши сите дилеми околу победникот и го доби со 25-15 за 3-0 и голема победа во дербито.

vardar66

Ова е втора победа на ОК Вардар во Тетово откако во минатото коло ја победи и Шкендија со 3-1 во сетови. Па така одбојкарите на Вардар се искачија на второто место на табелата веднаш зад лидерот Струмица.

Во следното 3.коло кое е на програмата во сабота, ОК Вардар повторно ќе игра нагости овојпат во Велес против тимот на ГОК Борец.

ТАБЕЛА:

Струмица (12-0),
Вардар (8-4)
Универзитет во Тетово (8-4),
Шкендија (8-4),
ГОК Борец (7-5),
Лирија (6-6)