Лидерот, ЖОК Вардар ЕМ денес повторно го очекува дуел од лигашкиот сегмент, вардарки завчера во Купот на Република Македонија одиграа одлично и обезбедија 1/4-финале по победата над прволигашот ОК Вардар Жени 2019.
Црвено-црните дами денес, сабота (5.мај) се домаќини на дуел од 12.коло во Втората државна одбојкарска женска лига. Вардарки ќе ја пречекаат екипата на ОК ТЕ Волеј на домашен терен во салата „Форца“. Натпреварот е закажан со почеток во 14-45 часот.