ЖРК Вардар по вчерашното дерби на домашен терен со тимот на Ѓорче Петров-ЖРК, по само ден одмор веќе утре го очекува ново дерби во плеј-офот за титулата во женската ракометна сениорска лига.
Девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев, утре, сабота (12.март) гостуваат во градот Куманово кај истоимениот женски ракометен состав на дербито од 5.коло во пплеј-оф сегментот. Дуелот е важен за титулата, во моментов кумановчани се на бод пред нас на табелата. Натпреварот кој ќе се игра во салата „Перо Наков“ во Куманово е закажан со почеток во 18-00 часот и од истиот ќе ви донесеме утре линк за следење во живо.