Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Анте Гаџа пред нов договор со Вардар
Анте Гаџа пред нов договор со Вардар

Анте Гаџа пред нов договор со Вардар

Хрватскиот репрезентативец и среден бек на Вардар, Анте Гаџа втора сезона го носи дресот на ,,црвено – црните”, а веројатно ќе остане и трета сезона во тимот од Скопје.

Договорот на Гаџа истекува на крајот од оваа сезона, па така веќе на големо двете страни преговараат за нов договор и останување на организаторот на играта во редовите на најтрофејниот ракометен колектив во државава и во иднина.

Гаџа игра одлично оваа сезона. Иако пропушти неколку важни натпревари поради повреда, сепак се очекува да биде од голема важност за дуелите кои следат, оние против Еурофарм Пелистер и против Веспрем во Лигата на шампионите. Хрватот во ЛШ оваа сезона постигна 28 погодоци.