Претстојниов викенд ќе стартуваат натпреварите од вториот круг во младинските фудбалски лиги. Во рамките на 14.коло, Вардар за противник ќе ја има екипата на Брегалница.
Во сабота, пионерските екипи ќе бидат домаќини на Брегалница, натпревари кои ќе се одиграат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром со почеток од 10:00 и 12:00 часот.
Во истиве саатници, но во недела, на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, кадетите и младинците ќе гостуваат на истиов противник.
Не очекуваат интересни и неизвесни натпревари, со оглед дека Брегалница е една од подобрите младински школи во нашата земја.