Вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести за дозвола за зголемување на капацитетот на исполнетост во објектите од затворен тим од 50 на 75-отсто е добра вест и за спортските клубови кои играат во сала, посебно за нашиот Вардар кој го очекуваат два супер интересни дуели во својот дом во Скопје.
Оваа препорака на членовите на комисијата се очекува наскоро да биде прифатена од Владата, како и сите претходни во изминативе две години, по што ќе стапи и официјално во сила.
Ова значи дека Вардар против Веспрем (ќе) може да смета некаде на околу 5000 навивачи кои сигурно дека ќе купат билети и ќе дојдат во сала да го бодрат нашиот тим. Истото важи и за дуелот со Еурофарм Пелистер, каде Вардар исто така треба да има голема поддрша од трибините на патот до нова титула во домашниот шампионат.