Вечерва во рамки на 4.коло, односно првата пролетна рунда во женската младинска лига, ЖРК Вардар гостуваше кај тимот на РК Чаир во истомената скопска населба. Вардарки дојдоа до победа на оваа средба и веќе сега имаат со 4/4 во групата обезбедено пласман на Ф-4 турнирот. Победата вечерва беше остварена со резултат 26:39 (13:20).
Првиот дел започна веднаш со наша доминација, ги затворивме приодите кон нашиот гол, во нападот направивме серија 0:4. Веќе на половината на првите 30.минути се беше јасно кога поведовме со високи осум гола (2:10). Следеше игра гол за гол на одмор заминавме со резултат 13:20.
Вториот дел продолжи потполно исто, ние ја имавме доминацијата отидовме и на двоцифрена предност (20:30) по што се беше решено. До крајот девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев ја зголемија предноста и победија со 26:39.
Катерина Дамјаноска постигна 7.гола девојката која игра одлично оваа пролет беше прв стрелец, втор стрелец беше Коцева Бојана со 6.гола, а пак Миновска постигна 5.погодоци.
Кај голманите Вероника Ѓорѓиевска одбрани 8 удара, Јована Трајкоска сопре 5 топки.