Младата репрезентација на Македонија во периодот од 23 до 30. март ќе учествува на силен меѓународен турнир во Португалија.
Селекцијата предводена од Неџат Шабани ќе одигра три натпревари против Словачка, Португалија и Грузија.
Првиот дуел го играме против Словачка на 25. март со почеток од 14. часот. На 27. март силите ќе ги одмериме против домаќинот, Португалија во 17. часот. Два дена подоцна играме со Грузија во 11. часот.
Селекторот Неџат Шабани за овој турнир повика еден играч од Вардар, тоа е Марио Ричков.
Собирот на репрезентација на Македонија до 18 години е закажан на 21. март, првиот тренинг е со почеток од 14:00 часот.