Шпанецот на клупата на Вардар 1961, Давид Дејвис ужива ама баш голема доверба кај навивачите на ,,црвено – црните”, а како и да не биде така.. го ,,дигна” тимот на едно високо ниво, ја промени атмосферата во соблекувалната и главното – ги натера сите играчи да се борат за свои минути на теренот со добра партија.
Кога ќе ги прашате ,,Вардарци” и они ќе ви одговорат над 95% со некаков одговор, тогаш гледате дека Дејвис работи ама баш добра, добра работа со тимот.
На прашањето на ,,Вардар Фанс” дали Давид Дејвис треба да биде тренер на Вардар и идната сезона, добивме огромен број на одговори ,,ДА” во спротивно со ,,НЕ”. Погледнете како изгледа сето тоа, ТУКА.