Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Марио Ричков е единствениот вардарец со повик за Македонија У18

Марио Ричков е единствениот вардарец со повик за Македонија У18

275770090_492639925902913_3486512426762641949_n

Младата репрезентација на Македонија во периодот од 23 до 30. март ќе учествува на силен меѓународен турнир во Португалија.

Селекцијата предводена од Неџат Шабани ќе одигра три натпревари против Словачка, Португалија и Грузија.

Првиот дуел го играме против Словачка на 25. март со почеток од 14. часот. На 27. март силите ќе ги одмериме против домаќинот, Португалија во 17. часот. Два дена подоцна играме со Грузија во 11. часот.

Селекторот Неџат Шабани за овој турнир повика еден играч од Вардар, тоа е Марио Ричков.

Собирот на репрезентација на Македонија до 18 години е закажан на 21. март, првиот тренинг е со почеток од 14:00 часот.