Супер дербито на Македонија во ракомет, дербито на претендентите за титулата оваа сезона РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер, доби официјален датум на одигрување. Истиот ќе се одигра во сабота во СЦ. Јане Сандански во Скопје со почеток од 17.00 часот.
Вардарци очекуваат голема поддршка од трибините на патот кон уште една многу важна победа, ако не и најважна оваа сезона и со самото тоа доближување до нова титула. Во Скопје ќе биде навистина ,,жешко” во сабота, како на теренот, така и на трибините.
Ги очекуваме сите Вардарци и Комити да дојдат и да им помогнеме на играчите до голема победа и најава за уште еден спектакл, оној со Веспрем.