Утре на програмата е вонредното 15.коло во младинските фудбалски лиги. Противник за младите надежи на Вардар ќе биде Кул, кој сезонава дебитира во најсилната Супер Лига и бележи добри резултати.
Сите четири натпревари со овој противник ќе се одиграат во среда. Пионерските екипи ќе гостуваат на Цементарница, во термините од 13:00 и 15:00 часот, додека кадетите и младинците на Хиподром се домаќини на Кул. Натпреварите ќе започнат од 10:00 и 12:00 часот.
Вардар и покрај големите проблеми околу скрпување на составите, сепак со две генерации се наоѓа во борба за титулата, тоа се помладите пионери и младинците.