Вчера, девојките од ЖОК Вардар ЕМ во рамки на 15.коло од втората лига беа домаќини во Спортскиот центар „Форца“ и дојдоа до нова победа со која останаа лидери на табелата.
Црвено-црните одбојкарки сосема очекувано на натпреварот на кој беа фаворити дојдоа до висока, односно максимална победа со резултат 3-0. Тимот на ОК Куманово од истоимениот град немаше шанси против расположените вардарки. Во сите сетови доминиравме, истите ги добивме со висока разлика, ние ја контролиравме играта и резултатот. Во сетови победивме со следните резултати 25-12, 25-5 и 25-15.