Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар поразен во Јане Сандански од Еурофарм Пелистер
Вардар поразен во Јане Сандански од Еурофарм Пелистер

Вардар поразен во Јане Сандански од Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го добија првото вечно дерби со Вардар 1961 соа 23-25 (11-12), во рамките на плеј-офот на Суперлигата во Македонија. Во неверојатна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, со присуство на двете навивачки групи „Комити“ и „Чкембари“.

Се почна гол за гол, најчесто гостите водеа со еден погодок, а нашите момци изедначуваа.  Црвено-црните ракометари први поведоа со плус два  во првото полувреме, кога Куни Моралес искористи грешка и погоди во контра за 9-7. Сепак, следеше лесно враќање на гостите, а до крајот на првите 30 минути гостинот беше тој што бркаше минимален заостанок. Во завршницата на полувремето Еурофарм Пелистер ја презеде предноста и на пауза замина со минимални 11-12.

Во вториот дел голманите,  Томовски и Кизиќ беа во елемент, врзаа серија одбрани и неколку минути на семафорот стоеше 15-17. Отпорот на битолчани го скрши Дибиров, меѓутоа на спротивната страна одговори Танкоски. По новата серија нереализирани напади, Еурофарм Пелистер поведе со највисоките 16-19, а тоа го натера Давид Дејвис Камара да свика минута одмор. До крајот не успеавме да ја анулираме негативата и забележавме пораз со 23-25.

 Тимур Дибиров имаше 6.гола,  додека пет даде Куни Моралес.