Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Вардар ЕМ доминантен на мечот со ОК Куманово, остануваме лидери по 15.кола
Вардар ЕМ доминантен на мечот со ОК Куманово, остануваме лидери по 15.кола

Вардар ЕМ доминантен на мечот со ОК Куманово, остануваме лидери по 15.кола

Вчера, девојките од ЖОК Вардар ЕМ во рамки на 15.коло од втората лига беа домаќини во Спортскиот центар „Форца“ и дојдоа до нова победа со која останаа лидери на табелата.

Црвено-црните одбојкарки сосема очекувано на натпреварот на кој беа фаворити дојдоа до висока, односно максимална победа со резултат 3-0. Тимот на ОК Куманово од истоимениот град немаше шанси против расположените вардарки. Во сите сетови доминиравме, истите ги добивме со висока разлика, ние ја контролиравме играта и резултатот. Во сетови победивме со следните резултати 25-12, 25-5 и 25-15.