Денес на вториот домашен дуел од регионалната лига ФК Вардар ген.2007 беше домаќин на ФК КУЛ, на оваа средба дојдовме до победа со резултат 2-0 (1-0).
Колев го започна дуелот со следниот состав: Јаневски Лука, Крстевски Марко, Смиљков Филип, Поповски Мичо, Керими Фуад, Давитов Петар, Ивановски Алексеј, Блажевски Иван, Јаневски Стефан, Котевски Петар и Јорданоски Михаил.
Натпеварот започна со рамноправна игра на двата тима, потоа гостинот имаше две прилки. На нашиот гол Јаневски Лука не дозволи да се затресе неговата мрежа и останавме на почетниот резултат, 0-0. Имавме една добра прилика и истата ја искористивме, топката дојде до Керими Фуад кој стрелаше за наше водство од 1-0. До крајот на првиот период имавме уште еден обид за удвојување на предноста преку Јорданоски. На одмор заминавме со минимална, но доволна предност од еден гол на овој дуел од регионалната лига.
Како и во првиот период така и во овој најпрвин гостинскиот тим се закани кон голот на Јаневски, сепак ние ја зачувавме предноста. Тргнавме во офанзива со цел да ја удвоиме предноста и да ја осигураме победата на оваа средба. Со одличен удар од 25.метра бочната страна на теренот ефективен гол за црвено-црниот тим постигна Давитов Петар. По ова водство со 2-0 умешно со пресинг на средината на теренот го трошевме времето и дојдовме до победа. Последна шанса имаше гостинот од слободен удар кој го скороти нашиот голман Јаневски Лука.