Фудбалерите на Вардар стигнаа до третата победа во низа без примен гол, откако попладнево на домашен терен го совладаа тимот на Кадино со убедливи 4:0 (2:0).
Уште во третата минута од натпреварот Вардар дојде до предност. Ване Јованов со супер асистенција до Петковски, кој од само неколку метри ја смести топката во мрежата на гостинот за 1:0. Веќе во 33. минута Вардар дојде и до 2:0. Одново Јованов асистент, овој пат до Демир кој со одличен силен удар стрелаше прецизно за дуплирање на предноста. Во вториот дел, Вардар стигна брзо и до трет гол во мрежата на гостинот. Стрелец на овој гол беше Петковски. До крајот на дуелот во листата на стрелци се запиша и младиот Величковски за конечни 4:0.
Вардар во следното коло гостува кај тимот на Гостивар.