Во последното коло од младинската група-А, ЖРК Вардар ја пречека екипата на РК Струма. Вардарци се одлучија да настапат со кадетскиот тим на оваа средба и дојдоа до висока победа. Ние триумфиравме со 46-09.
Се беше јасно на почетокот кога поведовме со 10-0 на оваа средба, ривалот немаше сили да се спортистави на девојките на Платон и Папуџиева кои денес одигаа за младинската екипа. На одмор заминавме со високи 22-03 на оваа последна средба на која дојдовме до шеста победа на исто токлку дуели и како првопласирани играме на Ф-4. Во вториот дел немаше ништо поразлично, ние победивме со 37.гола повеќе, односно со резултат 46-9.
Бојана Радевска даде 6.гола, Максимовска Нате и Миленковска Леона стрелаа по 5.пати, три девојки дадоа по четири гола: Сара Стојанова, Нина Попова и Теодора Ангелова. Калина Миленковска, Сара Стефаноска и Миа Маринчов стрелаа во 3.наврати, по два гола имаа: Бојана и Борјана Коцеви, Јана Равојска и Шехтанска Ангела.
На голот Ѓорѓиевска Вероника сопре 6.удари, еден помалце сопре Тамара Ѓорѓиева.