Вчера, лидерот во втората сениорска одбојкарска женска конкуренција, нашиот ЖОК Вардар ЕМ, гостуваше во Струмица, кај тимот на ОК Виктори Волеј.
Вардарки на оваа средба од 16.коло, кое се одигра во салата „КГС Партизан“ дојде до максимална победа. Ние триумфиравме на оваа средба со резултат 0-3. По сетови нашата победа изгледаше вака: прв 15-25, втор 16-25 и клучниот последен заврши со резултат 16-25 во наша корист.
Честитики за вардарки кој дојдоа до 15-та победа од 16 кола и останаа лидери на табелата.