Фудбалскиот клуб Вардар стигна до нова победа во рамките на Втората Лига-Запад. Во рамките на 21.коло на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари, црвено-црните убедливо ја поразија екипата на Кадино.
На овој натпревар, Вардар промовираше тројца нови млади играчи, на кои во иднина може сериозно да се смета. Се работи за играчи родени 2005 година, како и еден кој е генерација 2003, сите сезонава настапуваат за младинскиот состав. Во 64 минута од натпреварот со Кадино во игра влезе Ѓорѓи Дошев, играч од средината на теренот, додека во 73 минута на теренот го видовме и напаѓачот Никола Величковски, кој за десеттина минути поминати на теренот успеа да го постигне својот дебитантски гол за сениорскиот тим на Вардар. Во стартниот состав на натпреварот со Кадино беше и Нијаз Јусуфи кој дојде сезонава од екипата на Шкупи. Сите споменати за прв пат играа за Вардар на официјален натпревар сезонава.
Величковски е веќе осум години дел од клубот, во кој ги помина сите млади категории, во кои освојуваше многу трофеи, но и поединечни награди. Континуирано се него, заеднички успеси градеше и Ѓорѓи Дошев кој повеќе од шест години го носи црвено-црниот дрес. Сезонава се наметна во стартниот состав на младинската екипа, без кого не може да се замисли играта наша.
ФОТО: Вардар – фото галерија