Во женската Втората лига денес, петок (8.април) ќе се одигра дербито меѓу ЖОК Вардар ЕМ и Македонија Макс. Двата состава имаат биланс 13-1, па поуспешниот во 17-то коло ќе биде осамен на врвот.
Вардарки се домаќини на овој суперважен дуел, во Спортскиот центар „Форца“ во Скопје. Натпреварот е закажан со почеток во 21-00 часот. Вардар ако дојде до победа ќе дојде на лидерската позиција. Втората лига кај дамите продолжува трката за влез во елитното друштво. Поуспешниот во денешното дерби меѓу Вардар ЕМ и Македонија Макс ќе има победа повеќе од конкурентот на едно коло до крајот на првиот натпреварувачки сегмент. По него, најдобрите четири состави ќе одиграат дополнителни шест рунди (секој со секого дома и на гости) за да го одредат директниот патник во најсилната конкуренција,но и второпласираниот којшто преку бараж со Пелистер волеј ќе добие шанса да влезе во Првата лига наредната сезона.
Табелата во 2.лига по 16.кола изгледа вака:
ТАБЕЛА:
1.Вардар ЕМ (13-1),
2.Македонија Макс (13-1),
3.Бами Кор (9-5),
4.Младост УГД (9-5),
5.Ускана (8-6),
6.Јанта волеј Форца (6-9),
7.ТЕ волеј (5-9),
8.Виктори волеј (1-13),
9.Куманово (0-15)