Овој викенд продолжи младинската машка ракометна лига, тимот на Пепи Манасков го одигра својот прв натпревар во младинската лига оваа пролет. Вардар 1961 во овај дуел од 4.коло во Групата-А бепе домаќин, на црвено-црните им гостувааше екипата на РК Алкалоид, нашите момци беа совадани со резултат 25-41.
Најпрвин нашите момци успеаа да тргнат добро, тие и поведоа на почетокот на дуелот со 2-1. Потоа следеа минути на гостиот кој го преземе водството и успеа да го контролира дуелот. Направија целосен пресврт и успеаа да заминат на одмор со предност од дури седум гола.
За време на паузата во салата „Јане Сандански“ стореше 11-18 за скопскиот ривал. Во вториот дел се обидовме да се вратиме, но не успеавме. Противникот ја зголемуваше предноста и не совлада со 16.гола повеќе, односно со резултат 25-41.