Фудбалерите на Вардар им се вратија на победите, откако попладнево славеа на домашен терен против ФК Тетекс со убедливи 4:0 (2:0).
Отпорот на гостинот беше скршен во финишот на првиот дел. Најпрвин Ненад Мишковски погоди за 1:0 во 44.минута, а потоа и младиот Ерен Парталко погоди во судиското надополнување за 2:0. Во вториот дел, Вардар заигра исто така добар фудбал, па со два гола на Филип Петковски запиша убедлива победа од 4:0.
Ова воедно беше и одлично деби на Бобан Грнчаров на клупата на Вардар, со чиста мрежа и со убедлива победа. Кикс направи и Воска, па Вардар остана во игра сеуште. Во следното коло Вардар е одново домаќин, овој пат на екипата на Беса.