Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар лесно дојде до победа во Прилеп, Дамјаноска и Ѓорѓиевска со највисоки бројки
ЖРК Вардар лесно дојде до победа во Прилеп, Дамјаноска и Ѓорѓиевска со највисоки бројки

ЖРК Вардар лесно дојде до победа во Прилеп, Дамјаноска и Ѓорѓиевска со највисоки бројки

ЖРК Вардар гостуваше во Прилеп кај екипата на Деспина во рамки на плеј-офот, црвено-црните дами победија со резултат 16-28.

Oтворивме доминантно, на самиот почеток поведовме со високи 0-5 на оваа средба. Потоа се играше гол за гол, на двете страни, двата тима постигнаа по пет погодоци, ние и понатака имавме „плус пет“ (5-10). Додадовме „гас“ во финишот и успеавме да ја удвоиме предноста, па на одмор заминавме со двоциферна разлика, односно со десет гола предност. За време на паузата водевме со резултат  7-17.

Во вториот дел успеавме да ја зголемиме предноста, ние бевме тимот кој доминираше на теренот, го котролиравме дуелот. Тренерскиот двоец Ристова и Царчев дадоа шанса на речиси целиот ростер, сите девојките дадоа свој максимум. Успеавме да победиме со 14.гола повеќе, односно со реултат 16- 28.

Кај нас прв стрелец повторно беше Катерина Дамјаноска, таа постигна 8.гола. Зад неа беше Трпевска Ивона со 7.погодоци, 5 гола беа дело на Коцева Бојана.

На голот Вероника Ѓорѓиевска постигна 10.одбрани, Трајкоска имаше 6 одбрани, а Илиќ впиша 4.интервенции.