Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар М14 во борба за „бронза“ во Европската младинска лига
Вардар М14 во борба за „бронза“  во Европската младинска  лига

Вардар М14 во борба за „бронза“ во Европската младинска лига

Кадетите на Вардар не успеаја да дојдат до финалето од Европската младинска кошаркарска лига откако во полуфиналниот меч загуби од унгарскиот Ратгебер со 61-69.

Клучна беше третата четвртина која противникот ја доби со 21-12 за водство од 52-42, за во последниот период противникот да поведе и со 58-42. Во финишот Вардар се разбуди, дојде на само шест поени негатива (55-61), но немаше сила за целосен пресврт.

Ефтимовски беше најефикасен со 23 поени, а капитенот Ѓорѓевиќ оствари дабл-дабл со 12 поени и 10 скока. Утре од 9 часот, „црвено-црните“ ги очекува мечот за третото место против литванскиот тим Вилнус од кого загубија во групната фаза.

извор:Kos.mk