Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грне стартуваше одлично, висока победа на Вардар
Грне стартуваше одлично, висока победа на Вардар

Грне стартуваше одлично, висока победа на Вардар

Фудбалерите на Вардар им се вратија на победите, откако попладнево славеа на домашен терен против ФК Тетекс со убедливи 4:0 (2:0).

Отпорот на гостинот беше скршен во финишот на првиот дел. Најпрвин Ненад Мишковски погоди за 1:0 во 44.минута, а потоа и младиот Ерен Парталко погоди во судиското надополнување за 2:0. Во вториот дел, Вардар заигра исто така добар фудбал, па со два гола на Филип Петковски запиша убедлива победа од 4:0.

Ова воедно беше и одлично деби на Бобан Грнчаров на клупата на Вардар, со чиста мрежа и со убедлива победа. Кикс направи и Воска, па Вардар остана во игра сеуште. Во следното коло Вардар е одново домаќин, овој пат на екипата на Беса.