ЖОК Вардар ЕМ го продолжува сонот за титула во лигата и промоција во елитата. Вчера на домашен терен ја пречекаа екипата на ОК Младост УГД, во првиот дуел од финалната т.н втора фаза.
Црвено-црните дами дојдоа до победа во пет сета, по четири одиграни беше реми 2-2. Најпрвин гостинот поведе 0-( 22:25), потоа врзавме два сета во кој доминиравме и направивме пресврт (25:11 и 25:16), сепак тука не беше крај, екипата на Младинст изедначи на 2-2 по победата во 4.сет со 21:25. Во клучниот сет бевме подобри и со 15:9 дојдовме до победа.