Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците направија пресврт, но немаа сила да ја зачуваат предноста против Пролет
Младинците направија пресврт, но немаа сила да ја зачуваат предноста против Пролет

Младинците направија пресврт, но немаа сила да ја зачуваат предноста против Пролет

Младинците на РК Вардар  во 2.коло гостуваа кај тимот на РК Пролет, црвено-црните момци вчера беа поразени во еден динамичен дуел со резултат 32-29.

Двата тима тргнаа рамноправно на оваа средба, тоа се покажа по воведнте  10.минути  коге беше 6-6. Како што започна така и продолжи првиот дел на овој младински дуел, двата тима постојано беа околу резултатската симетрија, со реми   11-11 влеговме во последните 2 и пол минути. Домаќинот на крајот врза два гола и на одмор замина со резултат 13-11.

Во 37.минута бевме во незавидна положба, домаќинот поведе со пет гола (19-15) и добивме искучување, бевме помалце во поле. Следеа неверојатни минути за нас, се издигнавме од пепелот, успеавме целосно да го смениме текот на дуелот и направиме пресврт, поведовме со 22-24. За жал немавме сили да издржиме, домаќинот врати и он направи пресврт. Ние бевме поразени со 32-29 на оваа средба.