Пионерите на РК Вардар 1961 со победа го стартуваа вториот дел од сезоната. Во рамките на групата А во која се наоѓаат црвено-црните, нашиот состав вчера гостуваше во Куманово кај истоимената екипа. До победа стигна Вардар со конечен резултат од 11:14.
Момците на Зоран Петковски-Зенга имаа предност и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до бодовите. Го отворивме натпреварот со два последоавтелни голови, додека во три наврати имавме и позитива од три гола разлика (2:5, 3:6) и 4:7, резултат кој беше актуелен на полувреме.
Во првите три минути од натпреварот домашниот тим на Куманово се доближи на само еден гол разлика (7:8), но вардаровите надежи не дозволија пресврт, ниту пак некакво возбудување до крајот на натпреварот. Со добра игра во одбраната и ефикасно во нападот, повторно се одлепивме на три гола разлика (8:11), а победникот беше решен кога стигнавме и до 9:13, така последните минути од мечот беа рутина за момците на Зенга, кои славеа победа со резултат 11:14.
Петар Илиевски беше најефикасен со 3 гола, додека пет ракометари од нашите редови имаа по 2 погодоци, се работи за Никол Нечовски, Јован Божиновски, Ангел Столески, Димитар Брзачки и Томислав Стаменков. Во листата на стрелци се запиша и Стефан Лазаревски со 1 погодок.
Од четири одиграни натпревар, пионерите на Вардар имаа скор од три победи и еден пораз.